Посебен сообраќаен режим најавува СВР за вечерашниот натпревар Вардар – Фрнербахче што ќе се одигра на националната арена „Филип Втори Македонски” од 20 часот.
Од 14 часот часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта III“, на потегот од крстосницата со „Јордан ХаџиКонстантинов Џинот“ до фудбалскиот стадион. На стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.
Попладне ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и на паркинг просторите околу стадионот.
Полицијата апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.