Посета на грчката алтернативна министерка за надворешни работи Анагностопулу во Скопје

Сподели

Делегација на Грција, предводена од Атанасиа Анагностопулу, алтернативна министерка за надворешни работи на Грција во текот на денешниот престој во Скопје ќе разговара со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Средбата ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања, а во рамки на посетата Анагностопулу ќе оствари средба и со премиерот Зоран Заев, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.