Поставување табла со името „Република Северна Македонија“ на граничниот премин „Богородица“

Сподели

Преспанскиот договор од вчера и официјално е на сила и почнува остварувањето на неговите одредби, со што и Македонија го смени своето име во Северна Македонија. Владата исто така го промени нејзиното име во Влада на Република Северна Македонија.

Вчера во „Службен весник“ е објавен Преспанскиот договор, а на сила се и уставните амандмани, од 33. до 36. како и Уставниот закон за нивното спроведувaње. Уставните амандмани беa изгласани пред повеќе од еден месец, на 11 јануари.

Една од првите работи што ќе се направат е поставување табла со името „Република Северна Македонија“ на граничниот премин „Богородица“. Церемонијата ќе почне со 13 часот.
Таблите ќе бидат поставени и на останатите гранични премини, а покрај на македонски, ќе бидат испишани и на англиски јазик.