„Поткуп“ одложен – Одбраната на Заев бара да им бидат доставени доказите

Сподели

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше одложено за 4 мај поради барањето на одбраната да им бидат доставени сите докази од предметот кои и покрај неколкуте  барања, обвинителството не ги доставило, пренесе ТВ24. 

Судијката Дијана Груевска Илиевска го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и на следното рочиште да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќање на Заев и адвокатите.

Според Заев спорно е тоа што при увидот што го имаат направено, по завршување на истражната постапка, не им била дадена на увид наредбата за спроведување на посебни истражни мерки , што според него, е клучно со цел да се утврди дали тој бил следен надвор од законската рамка.

„-На пример за „Пуч“ нас ни беше доставена и наредбата за спроведување на ПИ мерките, но не и за овој случај, поради што постои соменвање дека сум бил следен и надвор од законските можности“, рече Заев во изјава за медиумите.