Потпишан договор за полициска соработка помеѓу Македонија и Германија

Сподели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих.

На средбата стана збор за текот на процедурата околу потпишувањето на Договор за полициска соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи на СР Германија, кој беше инициран од македонска страна.

На средбата, беше потенцирана одличната соработка помеѓу двете држави, која со потпишување на овој договор дополнително ќе се подобри.