Потпишан Колективниот договор во културата

Сподели

 

Министерот за култура Хусни Исмаили, денеска во Министерството за култура со претставници на двата репрезентативни синдикати, СКРМ и СОНК го потпиша Колективниот договор за културата.

 

 

Овој успех на Министерството за култура и на Владата ќе резултира со унапредување на правата на вработените во културата, ќе донесе до правичност во групирањето на работните места, праведна валоризација на трудот на сите вработени, остварување на права на додатоци на плата, спречување на злоупотреба на вработените во културата, селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос и регулирање на други релевантни прашања од работниот однос.

Министерот Исмаили се заблагодари на вработените во Министерството за култура кои посветено работеа повеќе од две години на изнаоѓањето правна рамка за усогласување на барањата што ги имаа двата репрезентативни синдикати, како и на конструктивноста и истрајноста на претставниците на синдикатите кои беа членови во Работната група, која, како што рече, на задоволство на целиот ресор култура успеа да го постигне Колективниот договор по повеќе од 15 години нерегулирани односи во културата.

 

 

За спроведување на Колективниот договор, Владата донесе заклучок средствата потребни за оваа намена да се обезбедат најдоцна до 1-ви јули 2020, термин од кога најдоцна и ќе се применуваат коефициентите за вработените во културата, за што согласност дадоа и двата репрезентативни синдикати. Сето заедно нѐ доведе до овој заеднички успех, за што уште еднаш им благодарам на сите субјекти кои придонесоа за негова реализација.

denesmagazin.mk