Потпишан Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка

Сподели

 

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка, согласно кој двете деловни организации заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, преку воспоставување на директна комуникација меѓу деловните ентитети.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорот на Стопанската комора на Чешка, Јиржи Хансл во присуство на високи претставници на организациите и деловните заедници од двете земји по одржана билатерална средба. Договорот предвидува двете комори да ја продлабочат соработката во насока на склучување на директни партнерства за зацврстување на деловните релации меѓу претставници на бизнис заедницата преку разменување на информации, организирање и промоција на заеднички настани, организирање на посети на деловни делегации, размена на експертиза, соработка на меѓународни проекти и други активности.

 

 

Потпишувањето на Меморандумот се реализира во рамките на Македонско-чешки бизнис форум кој ќе се одржи утре во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Амбасадата на Република Чешка.

Во рамки на бизнис форумот ќе се обратат и заменик министер за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки и амбасадор на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва. 

Република Чешка спаѓа во групата на земји со најголем обем на размена со Република Северна Македонија. Во изминатата 2021 година од нашата држава во Чешка се извезени стоки во вредност од 111 милиони евра, со што се бележи раст на извозот од 78 отсто, додека  вредноста на увозот изменува 128 милиони евра.