Потпишани договори со 44 општини за реализација на 66 проекти на локално ниво

Сподели

 

 

Денес беа потпишани договорите за реализација на конкретните проекти, помеѓу соодветните министерства и институции и општините, обезбедени како поддршка од страна на Владата за реализација на проекти од локален интерес.

„Вкупно 2 милијарди денари или 32,5 милиони евра се обезбедени преку пренамена на финансиски средства од буџетите на 6 министерства и една агенција. Односно од министерствата за здравство,  образование и наука, труд и социјална политика, култура, транспорт и врски, животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт. Овие пари се наменети за вкупно 66 проекти за 44 општини, изјави премиерот Ковачевски. Се работи за проекти за реконструкција на улици и локални патишта, изградба и реконструкција на училишта и на градинки, здравствени установи, спортски сали, домови за култура, пречистителни станици, мостови, спортски сали, пречистителни станици, мостови и други проекти во најголем дел од државата. Веќе имаат подготвено документација со која што може да се отпочне со работа. Со нивната реализација  овозможуваме подобра инфраструктура, поквалитетни услуги, подобро образование и здравство, како и можности за повеќе спортски активности и поголема заштита на здравјето на граѓаните“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на денешниот настан на кој се потпишаа договорите за буџетската поддршка кон општините.

 

 

Со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа на кој што јас лично имам работено заедно со министерот Бесими ја унапредивме фискалната децентрализација и ги зголемивме приходите на општините што најдобро се гледа од Предлог-буџетот за 2024 на кој што трансферите на општините по овој основ се зголемени“, рече премиерот Ковачевски, кој во обраќањето им се заблагодари на пратениците кои учествувале во амандманската расправа за прераспределбата на буџетот. Премиерот Ковачевски порача дека поддршката за општините продолжува и дека граѓаните заслужуваат европски услови за живот.

 

 

„И во услови на криза во која се справуваме со предизвиците, од Буџетот одвоивме 2 милијарди денари со кои во 44 општини ќе се реализираат 66 проекти за подобри патишта, училишта, градинки, спортски и културни објекти. Тоа се средства што ги обезбедивме со добро управување со средствата собрани во Буџетот. Тоа се пари од граѓаните за проекти за граѓаните, за подобри услови за живот, за подобро образование, за подобри здравствени услуги, за подобри социјални услуги и слично“, потенцираше министерот Бесими и додаде:

„Ова е потврда за нашата посветеност и грижа за граѓаните и за партнерскиот однос со општините за испорачување на подобри услуги. Продолжуваме со таквиот пристап, со поголема поддршка на општините, со повеќе пари за општините, а за што и воведовме системско решение со кое се зголемуваат средствата од централниот буџет кон локалните самоуправи“, рече министерот Бесими и додаде дека доделените средства на општините ќе се реализираат до крајот на оваа година. За 2024 година, според министерот Бесими, за општините се издвоени 4,3 милијарди денари повеќе средства во споредба со оваа година.