АНКАРА (АА) – Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден, допатува во официјална посета на Анкара. Бајден пристигна со приватен авион во 10:25 часот на аеродромот Есенбога каде што беа преземени интензивни мерки за безбедност. Бајден беше пречекан од страна на турскиот амбасадор во Вашингтон, Сердар Килич, американскиот амбасадор во Анакра, Џон Бас и други официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со претседателот на Големото народно собрание на Турција, Исмаил Караман, Бајден ќе направи обиколка низ Големото народно собрание коешто беше бомбардирано вечерта на 15 јули при обидот за државен удар.
Во попладневните часови во резиденцијата Чанкаја Бајден ќе се сретне со премиерот Бинали Јилдирим, каде што бидат остварени билатерални преговори. По средбата Бајден и Јилдирим ќе одржат прес-конференција.
Потоа, Бајден ќе биде примен во Председателството на Турција, од страна на председателот Реџеп Таип Ердоган.