Потребно ни е помирување и толеранција, порача Мицкоски од црква во Струмица

Сподели

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици во Струмица и порача дека на граѓаните им треба помирување.

-“Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме, а оние кои што грешат треба да научат да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат. Како народ и како граѓани на оваа држава ни е потребно помирување, толеранција и разбирање за сите останати” – вели Мицкоски.

Тој рече дека одлучил мандатот како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да го започне во црква и да побара спокој за себе и сите граѓани.

meta.mk