БРИСЕЛ (АА) – Организациите на граѓанското општество побараа од Европската Унија (ЕУ) да ја осуди исламофобијата како форма на расизам, јавува Anadolu Agency (AA).
Организациите на граѓанското општество на муслиманите во земјите од ЕУ, во Брисел формираа центар на Европската мрежа против расизмот (ENAR), кој соопшти дека во последно време, состојбата на муслиманите во Европа се влошува и потребно е политичките лидери на ЕУ да преземат итни мерки во врска со ова прашање.
Во образложението се вели дека муслиманите кои живеат во Европа во секојдневниот живот се среќаваат со проблемите како што се насилство и дискриминација, и дека е потребно преземање на конкретни чекори по ова прашање. Во последниот период, Франција со спроведувањето на забраната за шамија ги прекршува човековите права и поставува навредлива политика.
Во изјавата се вели дека исламофобијата е во пораст и во Германија и Британија, и потсети дека владите и политичарите на земјите од Источна Европа, како што се Унгарија, Полска и Словачка, го подгреваат стравот и расизмот кај своите граѓани.
Понатаму се апелира до институциите на ЕУ да се осуди исламофобијата како форма на расизам.
Во изјавата е наведено дека поради преземените безбедносни мерки во борбата со тероризмот во Европа, кои кон муслиманите се применуваат на еден несразмерен начин, нависоката цена поради исламофобијата ја плаќаат жените муслиманки.