Повик за учество на најголемиот младински фестивал во Стразбург

Сподели

Националниот младински совет на Македонија ги повикува младите да се пријават за учество на YO! Fest 2018 во Стразбур.

Фестивалот ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2018 година, на кој се очекува активно да учествуваат повеќе од 8000 млади од цела Европа.

НМСМ е официјален партнер на овогодинешното издание на фестивалот каде ќе спроведува активност и затоа ги повикува сите млади на возраст од 18 до 30 години да им се придружат во Стразбур.

Целта е да се зголеми интересот на младите да бидат ангажирани на локално ниво, презентирајќи ги позитивните иницијативи на младите луѓе во Македонија со што ќе им обезбедат практично искуство и вештини за успешно спроведување кампањи на локално ниво.

Темата на активностите е младинскиот граѓански ангажман на локално ниво, ќе вклучува презентација на успешни иницијативи, дисеминација на прирачник за добри практики за ангажирање на млади луѓе и дискусија на тема „грас рут“ ангажирање на младите во Европа.

Што треба да направиш?

1. Треба да идентификуваш проблем во твоја непосредна близина;

2. Да споделиш јавно креативно решение на проблемот;

(Можеш да фотографираш, црташ, сликаш, снимаш, монтираш или да му напишеш стих на проблемот.)

3. Твоето решение сподели го на Фејсбук или Инстаграм користејќи го хаштагот #mladimk и обележувајќи го профилот на Национален младински совет на Македонија

4. Да го пополниш овој формулар.

Рокот за аплицирање е до 10 јануари 2018. Врз основа на креативните решенија кои ќе бидат споделени, НМСМ ќе селектира максимум 15 учесници за YO! Fest 2018. Трошоците за пат, сместување и храна ќе бидат покриени од Национален младински совет на Македонија.

Предност имаат учесниците кои доаѓаат од организации членки на НМСМ.

Што се очекува од вас ако сте избран/а?

– Да го потврдите вашето присуство потпишувајќи документ за потврда и достава на лични податоци 48 часа откако ќе бидете известени дека сте селектирани.

-Да бидете редовно вклучени во подготвителните средби за YO! Fest предводени од Секретаријатот на Национален младински совет на Македонија во периодот од март до мај.

– Да бидете активно вклучени во активностите кои ќе ги спроведува НМСМ во рамки на YO! Fest.

– Да бидете подготвени за дружење и вмрежување со млади од различни профили ширум Европа.