Пожар во фабриката “Треска” – Герасимовски апелира да се заобиколи овој дел од градот

Сподели

 

Денеска се запали дел од поранешната фабрика Треска во Скопје. Се слушнала експлозија, потоа се издигнал црн чад. Повремени „пукања“ или помали експлозии се слушнаат. На терен се излезени шест противпожарни возила.

“Во моментов екипите на противпожарна служба со шест возила се на терен, поддржани од МВР и се борат со големиот пожар кој зафати дел објектите во „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите. Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата. Заради настанатиот метеж во овој дел апелирам оние кои можат да го заобиколуваат овој дел од градот” – изјави градоначалникот на Центар, Герасимовски.