Пожарот во ГОБ „8 Септември“е изгаснат-повредени лица нема

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека вчера е опожарена канцеларија (архивска просторија) во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје интервенирала со две возила и пет пожарникари. Во пожарот повредени лица нема и причинета е материјална штета.

Од Градската болница „8 Септември“ – Скопје, информираат дека во просторијата биле сместени стари документи кои веќе биле предмет на постапка на архивско уништување. „Во пожарот не е уништен ниту еден документ кој по важечките прописи мора да е архивиран и да се чува со законски предвиден рок“, се наведува во соопштението од болницата.