Пожарот во Кисела Вода по два часа е изгаснат

Сподели

 

Противпожарните служби по два часа успеаја да го изгаснат пожарот кој денеска избувна во станбена зграда, во населбата Кисела Вода во близина на салата “Расадник”.

Во пожарот беа опожарени три стана од кои еден целосно.

При гаснењето во кое учествуваа 11 противпожарни возила повредени се тројца пожарникари од кои двајца вдишале чад, а еден има повреда на раката.

“Ситуацијата е под контрола, спасени се сите граѓани што беа на шести и на седми кат, спуштени се сите долу и сите се во добра состојба. Имаме тројца повредени пожарникари, едниот има изгореници на десната рака, задржан е на Скопските клиники, а другите двајца пожарникари вдишиле чад затоа што немало доволно воздух за да се отворат прозорците. Сега засега се е под контрола, горе нема никој” изјави командирот на Противпожарната единица Владимир Симоновски.

Се уште не е утврдено која е причината за пожарот, но според првичните сознанија изгледа настанал од кујната.

“Најверојатно пожарот настанал од електрична инсталација или од нешто слично. Од топлината е пробиен и спротивниот стан од другата страна. Имаше тежок пристап внатре во влезот и беа зафатени два други стана од пожарот. Последната жена што е спуштена имала проблеми со дишење, но сега е на лекарства и е во добра состојба. До вечер граѓаните ќе можат да си влезат во становите, влезот е слободен” посочи Симоновски.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски изјави дека во општината има фондови за вакви несреќни ситуации.

Пожарникарите евкуираа две деца, еден маж и една жена кои биле над станот зафатен од пожарот во зградата во Кисела Вода.

Пожарот избувна во стан на петти кат од зградата, а станот бил празен.