Пратениците денеска ќе гласаат за Законот за спречување на корупцијата

Сподели

обранието денеска во 16 часот треба да гласа за Предлог на закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка, односно за законот за ново уредување и ингеренции на Државната комисија за спречување корупција.

Во текот на вчерашниот ден беше постигната согласност меѓу владеачкото мнозинство и опозицијата околу Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. СДСМ прифати 20 од 40 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Проблемот околу давањето директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, откако владиното мнозинство и опозицијата вчера се усогласија, па Државната комисија за спречување на корупцијата ќе има право до директен пристап до банкарските сметки на функционерите, но и во над 60 други бази на податоци, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата. Таа рече дека од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ прифатени се 20 кои што се во функција на зајакнување на текстот Законот за спречување корупција.

Владата на Република Македонија на завчерашната 115. редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.