Пратениците ќе гласаат за нови министри откако се разрешени Тевдовски, Фазлиу и Лика

Сподели

 

Собранието синоќа ги разреши од функции министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика.

На вчерашната собраниска седница беа констатирани оставките на министрот за земјоделство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за животна средина Садула Дураку и на министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Опозицијата оцени дека станува збор за погрешни кадровски решенија бидејќи се разрешуваат ефикасни министри, а остануваат министри во Владата кои не покажале резултати. Пратениците од опозицијата побараа оставка од Заев на премиерската функција, формирање на техничка влада и предвремени парламентарни избори во октомври.

Седницата продолжува денеска во 11 часот, а на дневен ред е именувањето на новите министри. на почетокот на денешната седница премиерот Заев го повлече предлогот, тој, покрај премиерската финкција, да ја извршува и финкцијата министер за финансии.