Православните верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
Бадник го означува крајот на четириесет дневните пости и традиционално се подготвува бадникова трпеза со бадниково гранче кое е симбол на овој празник.
Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во Скопје и во 39 градови во државава денеска се организираат и детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.
Утре е Божик, еден од трите најголеми празници, кога според христијанското верување е роден Синот божји, Исус Христос.