Нуркачот Никола Паскали од друштвото „Акватек“, на својата фб страна објави фотографии од делови на правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на Желбите, длабочина од 3 метри во Охридско езеро.
“Продолжувам со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад. Потоа следува и дислокација на истиот. Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател човекот” – напиша Никола Паскали.