ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА ДОСТАВЕН ДО ВЛАДАТА

Сподели

vlada_na_rm

Предлог-буџетот за 2017 година е доставен до Владата на Република Македонија и се очекува во текот на денешниот ден или утре Владата да одржи седница на која ќе расправа со цел финално да го усвои и потоа да го прати во собраниска постапка.

Ова го истакна портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција.

Тој посочи дека како и досега чинот на усвојување на Предлог-буџетот ќе биде транспарентен, а министерот за финансии Кирил Миновски ќе ги образложи приоритетите и конструкцијата којшто го предлага за наредната година.

Нагласи дека ќе следи и прес-конференција од страна на министерот за финансии по усвојувањето на Предлог-буџетот од страна на Владата.