„Драми на принцезите“ е новата премиера што ќе се изведе вечерва (15 ноември) во 20:00 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје.
Режијата е на Жива Бизовичар, прв драматург е Ник Жнидаршиќ. Втор драматург е: Викторија Рангелова – Петровска. Сценограф и автор на музика е Јан Крмељ, а костимите се на Александар Ношпал.
Во претставата играат актерките: Јелена Жугиќ, Нина Елсезер, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Ивана Павлаковиќ и Јасмина Василева.
Претставата „Драми на принцезите“ ќе биде на редовниот репертоар на Драмски театар и прва наредна изведба е на 23 ноември.