Премиерите Заев и Борисов ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев

Сподели

 

По повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија, бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Борисов официјално ќе биде пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план, а потоа ќе имаат заедничка прес-конференција.

Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а потоа во Дојран  ќе го откријат обновениот споменик на полковникот Константин Каварналиев.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во 11:10 часот ќе го прими претседателот Бојко Борисов.