ПРЕСВРТ – На Јувентус му се укинува казната и му се враќаат 15-те бода?!

Сподели

Loading

Торинскиот фудбалски гигант Јувентус би можел да биде помилуван по драстичната казна од 15 поени во Серија А.

„Бјанконерите“ поднесоа жалба што ќе им овозможи пристап до „таен документ“ што обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го испрати до надлежниот орган (COVISOC) пролетта 2021 година, а кој ќе биде од клучно значење.

Медиумите од Апенините веруваат дека постојат реални изгледи да биде прифатена жалбата на првиот човек на Јувентус Федерико Черубини и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, што ќе им овозможи внимателно да го разгледаат документот.

Заклучокот е дека официјалното барање доставено од COVISOC до обвинителот на FIGC на 14 април 2021 година, односно седум дена по отворањето на постапката, дека обвинителот имал 60 дена да го испита и 30 дена да го регистрира судењето.

Тоа значи дека сите документи добиени по 14 јули 2021 година, што доведоа до казна за Јувентус, нема да бидат употребливи.

Останува да видиме дали тие можат да придонесат за укинување на пресудата, што ќе го дознаеме многу брзо бидејќи COVISOC има седум дена да ги испрати документите до адвокатите на Јувентус.

The post ПРЕСВРТ – На Јувентус му се укинува казната и му се враќаат 15-те бода?! first appeared on .

Powered by WPeMatico