Новиот барокен објект во кој требаше да се пресели Кривичниот суд, веќе 4 години зјае празен. За него се потрошија 11 милиони евра, но судењата се уште се оддржуваат во старата зграда, во претесни судници, во кои најчесто нема место за сите странки, па дел од нив рочиштата ги следат стоејќи на нозe, пишува Фокус.
Поголемите судења, особено оние за кои има медиумски интерес, пак, се оддржуваат во судница на Врховниот суд, како на пример за случајот „Диво Насеље“, бидејќи судниците во Кривичниот суд, освен една, се премали за да во нив се сместат повеќето обвинети, нивните адвокати, роднини и јавноста. Токму и затоа беше неопходна изградба на нов објект, бидејќи се губи драгоцено време во чекање на слободна судница.