Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД, Кејт Мери Брнс

Сподели

 

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнс.

 

 

“Најнапред, дозволете ми срдечно да Ве поздравам ивоедно, да Ви посакам искрено добредојде во нашата земја, како новоименуван амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Ви посакувам успешно водење на оваа одговорна и ценета мисија” – се обрати претседателот Пендаровски.

Дипломатските односи меѓу нашите две земји успешно се развиваат повеќе од две децении. Одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи следната година треба да даде дополнителен импулс за натамошно негување и зајакнување на стратегиското партнерство и политичкиот дијалог меѓу нашите пријателски земји, како и за продлабочување на соработката во сите останати области.”

Дозволете, во оваа прилика, да изразам голема благодарност за континуираната и цврста поддршка што Соединетите Американски Држави и ја дават на нашата држава од самиот почетокот на нејзината независност. “

 

 

“Претседателе Пендаровски, ми претставува задоволство да се запознаеме и да ви ги предадам моите акредитивни писма. Ви благодарам што сте домаќин на оваа свеченост. Чест ми е што го претставувам претседателот Трамп и американскиот народ како амбасадор на Соединетите Држави во Република Северна Македонија.”

“Ми претставува особено задоволство да го започнам мојот мандат во овој клучен период за односите помеѓу нашите две земји. Со нетрпение очекуваме, до крајот на годината, да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО алијансата. Како сојузници, нашите односи ќе стануваат посилни, поврзани преку нашата заедничка заложба за мир, безбедност и просперитет во регионот и пошироко.

“Се радувам што ќе работам со вас и со властите и граѓаните на Северна Македонија, развивајќи посилни односи како сојузници. Се обврзувам дека ќе промовирам стабилност преку силни институции и дека ќе ги поддржувам напорите на вашите власти во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото, дека ќе го унапредувам просперитетот преку помошта и партнерството со приватниот сектор и дека ќе работам на зацврстување на безбедноста преку нашето партнерство во одбраната.”

 

Задоволство ми е да ви ги предадам акредитивните писма, и лично да ве уверам дека ќе работам неуморно на унапредување на нашите цврсти односи и на претворање во реалност на нашата заедничка визија за иднината – изјави новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнс.