Претседателот Пендаровски му го врачи мандатот на Димитар Ковачевски

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, од Уставот на Република Северна Македонија денеска му го врачи мандатот за состав на Владата на Димитар Ковачевски, претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

 

 

„Врз основа на член 84, став 1, алинеjа прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлогот за мандатaр доставено од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а поддржано од политичките партии во состав на коалицијата, кои заедно го имаат мнозинството пропишано со Уставот во Собранието на Република Северна Македонија, за мандатар за состав на Владата го определувам г. Димитар Ковачевски, претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија“, рече претседателот Пендаровски.