Претседателот Пендаровски на вонреден Самит на НАТО за Украина

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе учествува на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади.

На Самитот ќе се разговара за безбедносната ситуација во и околу Украина. Се очекува лидерите на земјите членки на НАТО уште еднаш остро да го осудат рускиот напад на Украина и нарушувањето на нејзиниот територијалниот суверенитет и интегритет, и да донесат конкретни одлуки за понатамошното дејствување на Алијансата.

Со состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој по средбата ќе одржи прес-конференција од седиштето на Алијансата.