Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, соопштија денеска од неговиот кабинет.
Според протоколот, Пендаровски со сопругата ќе бидат единствените македонски претставници на погребот на британската кралица.
Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, се подготвуваат да отпатуваат во Обединетото Кралство на историскиот погреб во Вестминстерската опатија во понеделник на 19 септември.
Белата куќа потврди дека Бајден на погребот на кралицата Елизабета ќе присуствува со сопругата Џил, а своето присуство досега го потврдија и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн.
Јапонскиот цар Нарухито, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон исто така ќе присуствуваат на погребната церемонија додека Шпанија ќе ја претставува Кралот Фелипе VI.