Претставници од Македонија на Глобалниот самит за претприемаштво во САД

Сподели

samit1

Благица Петрески и Зоран Настески ќе учествуваат на Глобалниот самит за претприемаштво 2016 (ГЕС), што ќе се оддржи од 22 до 24 јуни годинава, во Пало Алто, Калифорнија. Тие ќе им се придружат на повеќе од 700 претприемачи од целиот свет, како и инвеститори, говорници и лидери во светот на претприемаштвото.

На овие иновативни птерприемачи, исто така, ќе им се придружат високи функционери од Владата на САД, вклучувајќи го претседателот Барак Обама, министерот за трговија Пени Притцкер, директорот на администрацијата за мали бизниси, Мариа Контрерас-Свит, директорот на УСАИД, Гејл Смит, специјалниот амбасадор за глобални женски прашања, Кетрин Расел, и државниот потсекретар за јавна дипломатија и за односи со јавноста, Ричард Стенгел.

Ова ќе биде седми по ред самит организиран од Соединетите Американки Држави и од владите на Турција, Обединетите Арапски Емирати, Малезија, Мароко и на Кенија.