За конкурсот Бибер 05 и збирката на раскази како и ангажираната книжевност, помирувањето и изградбата на мирот, се разговараше во Центарот за култура во Битола на 25.04.2023 година. Настанот го организираше Мировна акција од Прилеп и Центарот за ненасилна акција Сараево/Белград.
Во разговорот учествуваа авторки и автори чии раскази се објавени во збирката Бибер 05, Сања Мучкајева Видановска, авторка од Битола, Амина Каја од Приштина и Срѓан Миљевиќ од Белград, членката на жирито Калина Малеска од Скопје и Ивана Франовиќ членка на Бибер тимот Центарот за ненасилна акција Сараево/Белград.
Разговорот го модерираше др. Ангелина Станојоска.
-
Нам, како мировна организација и тимот Бибер кој го организираше конкурсот е јасно дека со една книга или со пет книги не можеме да го промениме светот, но нам ни беше важно да авторите и читателите размислуваат за помирување. Сакавме помирувањето и изградбата на мир бидат тема во различни општествени слоеви, рече за Бибер конкурсот Ивана Франовиќ од Центарот за ненасилна акција Сараево/Белград.
Одговарајќи на прашањето колку беше тешко да се изберат расказите кои ќе бидат објавени во збирката и наградени на конкурсот, Калина Малеска писателка и професорка од Скопје нагласи дека тоа беше тешка задача, но таа заедно со Оља Савичевиќ Иванчевиќ и Лејла Каламујиќ се сложија во изборот да влезат раскази кои на суптилен начин заборуваат за така тешка тема како што е војната.
-
Приказната која зборува за опсадата од детската перспектива, да кажеме дека за војната не зборува директно туку индиректно: „Кога ќе помине ова“, „ова што ни се случува…“ Постојат моменти од личниот живот а војната е во позадина.
Сања Мучкајева Видановска од Битола, зборувааше за тоа како личност од мешовит брак, и е важна поранешна Југославија, нејзините луѓе, јазици и културен простор. Сепак, да напиши расказ ја инспирира дружењето на нејзиниот син со неговите врсници од земјите од регионот, но, во Холандија.
-
Сите тие ме викаа мама, а јас за тоа напишав потполно вистинита приказна, рече таа. Мислам дека тие млади луѓе ни држат лекција како треба да се живее денес и во иднина.
Иако има 21 година и не се сеќава директно на војната, Амина Каја од Приштина вели дека на нејзиниот живот војната силно влијаеше и затоа работи како активистка на разни полиња, освен што студира општа медицина.
-
Втор пат учествувам на конкурсот, првиот пат мојот расказ не беше објавен, но другите беа. Со расказот, сакав да се фокусирам на кафето, како мал фамилијарен обичај, да покажам кога ќе дојде војната таа не го менува живото на политичарите и оние кои одлучуваат, туку го менува животот на мојот брат, сестра, ученици кои не можат да учат, доктори кои не можат да лечат, на обичните луѓе во фамилиите и тие фамилии после војната не се исти.
Пронаоѓајќи дека е добро што за помирувањето зборуваат различни генерации на оваа промоција, од три земји и три различни раскажувачки постапки, Срѓан Миљевиќ од Белград рече:
-
Никогаш не ми беше јасно зошто постои смрт и зошто постои војна. Идејата за смртта со текот на животот ја прифатив, додека идејата за војната не ја прифатив и нема да ја прифатам.
Промоцијата во Битола следеше после промоцијата во Загреб и Петриње, додека следните ќе бидат организирани во Травник (24.05.2023), а сосема е сигурно дека шестиот Бибер конкурс ќе биде отоврен до крајот на оваа година.
Збирката на раскази која ја претставуваме е плод на „Бибер 05“ конкурсот за кратки приказни на тема помирување во контекст на оставштината на војните и насилствата во земјите од поранешна Југославија. Во предвид дојдоа и раскази кои може да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и разградба на предрасудите, антивоени, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, разградување на сликата за непријателите, сочувство со другите, храбри приказни кои се осмелуваат да чекорат во „непријателските“ чевли, приказни кои ги поместуваат границите и нѝ отвораат патеки по кои може да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.
Конкурсите и сите збирки се повеќејазични и на нив може да учествуваат автори и авторки кои пишуваат на албански, босански, црногорски, хрватски, српски или македонски јазик.
Електронските изданија на сите „Бибер“ збирки може да се најдат на страната и се бесплатни за преземање.