Превентивни активности на МВР: „Кажи не на дрогата, да на животот“

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, превентивни активности беа реализирани на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Штип и Битола.

Притоа, во Штип полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за недозволена трговија со дрога и од Полициската станица од општа надлежност  при СВР Штип во општинскoтo средно текстилно училиштe „Димитар Мирасчиев“ во Штип спроведоа превентивно едукативно предавање „Кажи не на дрогата, да на животот“, додека пак полициски службеници од ОВР Свети Николе спроведоа едукативна работилница со ученици од ОСУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе, посветено на темата ,,Трговија со луѓе и илегална миграција“. Покрај ова, на подрачјето на ОВР Делчево полициски службеници од оваа организациона единица при СВР Штип спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот „Вози одговорно, стави појас“.

На подрачјето, пак, на СВР Битола, поточно во Крушево, како и во околните населени места, полициски службеници при ОВР Крушево реализираа едукативно-превентивна активност  „Сигурноста и безбедноста на граѓаните – наша обврска“.