Презентација на извештајот од проверката на АКМИС во судовите

Сподели

Во Министерството за правда денеска ќе бидат презентирани наодите констатирани по увидот во функционалноста на АКМИС системот.

Работна група од Министерството за правда досега изврши проверки на АКМИС системите во Врховниот, Апелацискиот суд Скопје и во Кривичниот суд.

Во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе беше констатирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот, кој треба да ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отвoрање на предметот преку негово доделување, било да се работи за кривичен, прекршочен, граѓански спор.