Пријавени две компании во конкуренција за универзален снабдувач со електрична енергија

Сподели

 

Комисијата за спроведување на постапката за избор за универзален снабдувач со електрична енергија, констатираше дека има доставено две понуди, првата од група на понудувачи составена од ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електро снабдување и втора понуда од ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ, при што е утврдено дека двете понуди се доставени во согласност со тендерската документација и го исполнија првичниот услов да бидат отворени.

Во согласност со тендерската документација беа прочитани следните елементи на понудите, понудена бруто маржа и доставена банкарска гаранција. По отворањето на двете понуди Претседателот на Комисијата констатираше дека и во двете понуди е доставена валидна оригинална банкарска гаранција, додека понудената бруто маржа наведена во понуда доставена од група на понудувачи составена од ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електро снабдување е 14,4%, додека понудената бруто маржа наведена во понудата на ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ е 14,9%.

Комисијата изјави дека посветено ќе се работи пред крајниот рок да биде завршена евалуацијата и да се заокружи процесот на избор на универзален снабдувач.