Прилепџез фестивал од 29 до 31 август

Сподели

На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од 29 до 31 август ќе се одржи 13. издание на Прилеп џез викенд. На отворањето на Фестивалот, вечерва во 21:00 часот ќе ќе настапи квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а по нив ќе настапи составот „Кобалт код јунит“.

Втората вечер во 21:00 часот ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски, по што следува настапот на квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“. На последниот ден од фестивалот (31 август) настапуваат гостите од Словенија „Јуре Пукл органик трио“ и српскиот состав „Црно дете“.

Во оф програмата ќе има случувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во клубовите „Калинка“ и „Таверна“ во старата прилепска чаршија, каде што ќе настапат црковниот хор „Св. Петка“, бендот „Такси конзилиум“ и диџејот Мишко Сапунџија.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.