“ПРИМА МЕБЕЛ” ГО ОТВАРА ОСМИОТ САЛОН ЗА МЕБЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Сподели

КОРПОРАЦИЈАТА ПРИМА МЕБЕЛ ГО ОТВАРА ОСМИОТ САЛОН ЗА МЕБЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Во седмата година на своето работење во Македонија, „Прима Мебелна 04.10.2017 го отвара вториот салон  во Скопје, населба Кисела Вода, а кој воедно представува 8ми салон во Република Македонија.

Најголемиот Хрватски малопродaжен ланец и производител за мебел, на површина од 800м2 продажен салон на ул. „Борис Трајковски бр.166, претставува  европски квалитет кој ги воодушевува купувачите не само во Хрватска, туку и во Германија, Франција, Белгија, Велика Британија и Швајцарија.

Ексклузивниот салон во населба Кисела Вода, не нуди само модерен и квалитетен мебел, туку и целокупни решенија за функционално и естетско уредување на домот. „Прима“ создава мебел од различни стилови, но сите ги соединува во едно, комбинација на нови трендови и традиционални вредности со најдобар однос на цена и квалитет! Исто така, тука е и стручниот и љубезен персонал кој што е вистински пријател на купувачите и им нуди најдобри решенија во согласност со нивните желби и потреби за сите предизвици во современиот живот.

На големата прослава по повод отварањето кое ќе се одржи во салонот на „Прима Мебел“ во Скопје, во населба Кисела вода, (ул. Борис Трајковски бр.166), во сабота на 07.10.2017год. Ве очекуваат хит цени и  посебни понуди, а за сите купувачи гратис скара.

***

Корпорацијата Прима е основана во 1995 год во Бјеловар. Производството се одвива во осум современи фабрики (три фабрики за плочест мебел, две фабрики за тапациран мебел, фабрика за производство на мебел од масивно дрво, фабрика за производство на фронтови со висок сјај и фабрики за душеци и подници) и 55 продажни салони во Хрватска и 8 салони во Македонија. Освен на домашен пазар присутни се и на пазарите во Германија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија и Велика Британија.

Како производител посветен на осмислување на најдобри решенија за купувачите, Прима“ посебно внимание посветува при изборот на природниот материјал во завршната обработка, што гарантира трајност и квалитет на производот. Континуираното вложување во развој и производство резултира со голем пораст на корпорацијата, како и добивањето на престижната  Best Buy Award награда  2016/2017 во категорија за производство на тапациран мебел (аголни гарнитури, троседи и двоседи).