Примопредавање на функцијата заменик претседател на Владата за европски прашања

Сподели

Денес во Секретаријатот за европски прашања беше извршено примопредавањето на должноста
заменик претседател на Владата за европски прашања каде новоназначениот заменик
претседател на Владата Бујар Османи официјално ја презема должноста од неговиот претходник
Арбер Адеми.
Адеми на примопредавањето го информираше Османи за делокругот на работа како и за
проектите и активностите на Секретаријатот, и истовремено му посака успех во продолжувањето
на патот кон европските интеграции на земјата.
Османи ја истакна важноста на реализирањето на стратешките цели во оваа област и особено
постигнувањето на понатамошни успеси за зближување на земјата кон Европското семејство.