Недостатокот од сон влијае на нашето расположение, здравје, па дури и на продуктивноста во текот на целиот ден. Можеби имате проблеми да заспиете навечер и постојано се будите, но зошто да не ја најдете утехата во исхраната?
Цреши
Во едно помало истражување, испитаниците две недели пиеле по 225гр сок од цреши наутро и уште 225гр навечер и покажале подобрување во нивното спиење. Бидејќи црешите се природно полни со мелатонин, состојка која успива, може да се јадат и само свежи цреши една рака пред спиење.
Риба
Одредени риби и морски плодови како што се школките, туната и рибата-иверка содржат некои состојки кои не тераат на спиење. Па затоа вметнете ги почесто во исхраната.
Житарки
Ако консумирањето морски плодови е посложено за вас, обидете се да консумирате житарици со протеини, бидејќи содржат трупофан, состојка која го подобрува спиењето. Може пред спиење да изедите житарици со органско млеко за полесен сон.
Билки
Жалфијата е природен лек за сон. Сварете си чај од жалфија и испијте го пред спиење. Исто така и чајот од камилица и валеријана може да ви помогне.