Во природните катастрофи во 2016 година загинаа 8.700 лица

Сподели

Штетата предизвикана од природните катастрофи што се случија во светот во 2016 година изнесува 175 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Германската осигурителна компанија „Минхен РE“ објави дека во природните катастрофи што минатата година се случија во различни делови од светот, причинета е вкупна материјална штета од 175 милијарди долари, а во овие несреќи животот го загубиле 8.700 лица

Во извештајот се вели дека само 30 отсто (околу 50 милијарди) од предизвикана штета од природните катастрофи била осигурана.

Во соопштението се вели дека најголема материјална штета од природните катастрофи е предизвикана на азискиот континент. Двата земјотреса во Јапонија предизвикаа штета од вкупно 21 милијарда долари, а пак минатото лето поплавите во Кина предизвикаа штета од 20 милијарди долари.

Во Јужна Америка, ураганот Метју на Хаити беше природна катастрофа што предизвика најголема материјална штета, во висина од 10 милијарди долари и смрт на стотици лица. Освен тоа, 2016 година е година во која во која се случија најголем број природни катастрофи (160) во Јужна Америка од 1980 година досега.

Питер Хопе, директор за истражување на ризици при осигурителната компанија „Минхен РE“ изјави дека причина за природните катастрофи во 2016 година се неконтролираните климатски промени.

Хопе истакна дека изминатата година 8.700 лица го загубиле животот во природни катастрофи.