Приведена Силвија Стојановска поради сомнение за шверц на 700 килограми кокаин

Сподели

 

Актерката Силвија Стојановска и лицето В.Б. кое заедно со неа било донесено пред судија на претходна постапка се сомничат за шверц на околу 700 килограми кокаин кои шпанската полиција ги заплени во септември оваа година.

Стојановска и другиот осомничен за шверц на кокаин доцна попладнево беа однесени во Кривичниот суд, каде давале исказ, по што судијата ги определил триесетдневен куќен притвор.

За делото за кое е осомничена Стојановска, Кривичниот законик предвидува казна од најмалку пет години затвор.

Од МВР и обвинителството засега нема официјално соопштение.