Продолжува дебатата за законот за јазиците на Комисијата за политички систем

Сподели

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја продолжи расправата за  Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Според образложението од Министерството за правда, основна цел за носење на законот е доследна примена на уставните амандмани во законскиот текст во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо. Воедно се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку од 20 проценти.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера, на првиот ден од расправата во Комисијата за политички систем, оценија дека Предлог законот е за употреба на јазиците е неуставен, како и дека со поставувањето на европското знаменце на законот парламентарното мнозинство сака да ја скрати дискусијата.

Зелено светло за законот за употреба на јазиците, во прво читање, минатата недела даде Комисијата за европски прашања.

Со Предлог законот се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат кој било од наведените службени јазици и нивните писма и оти институциите имаат обврска да им го овозможат на граѓаните користењето, употребата и примената на тие службени јазици и нивните писма.