Во понеделник, 10 февруари со почеток во 19 часот, во Музејот на Современата Уметност – Скопје ќе бидат прикажани два филмови на култниот режисер Желимир Жилник. Краткиот филм „Мали пионери“ и долгометражниот филм „Убави жени одат по градот“. По овој повод, Жилник пристигнува во Скопје, па така веднаш по проекцијата, закажан е разговор со режисерот, кој публиката ќе може и одблизу да го запознае.
Тематската рамка за изборот на овие два филма наречена “Од маргини до дистопија„ ја потврдува уште еднаш релевантноста на делата на Жилник за денешницата во која сведочиме глобален раст на нееднаквоста и која отфрла се поголем број луѓе на маргините од општеството, а истовремено и приближување кон реализацијата на дистописките сценарија за човештвото поради еколошката и политичка деградација, кои раѓаат носталгија по добрите минати изгубени времиња.
Изборот на филмови и концептуалната организација на настанот е на Артан Садику, кој и ќе го води и разговорот со Жилник.
Мали пионери, 18 мин
Социјално запоставени деца кои сами се грижат за себе, одлучуваат да крадат и да го прекршат законот. Тие се расправаат со нивните родители, кои ниту ги разбираат, ниту пак имаат чувства кон нив. Како контрапункт на оваа приказна гледаме телевизиско шоу на кое популарниот актер и забавувач Гула им се обраќа на среќни и безгрижни деца.
Убави жени одат по градот, 100 мин
Београд во 2041 е напушен и руиниран град покриен во ѓубре. Неколку стари луѓе живеат таму: поранешен новинар со неговата ќерка, поранешен политичар со неговата жена и поранешен полицаец, кој работи како чувар на конвикт во кој живеат осум девојки. Старците ги растат девојките според традициите на поранешните Југословенски нации, што е доста ризично бидејќи Јужна Европа е опустошена од банда, која забранува какво било сеќавање на минатото. Приказната почнува во моментот кога поранешниот новинар и другите старци почнуваат акција за оживување на Белград со цел да ја означат годишнината од еден век од народната ослободителна борба на Југославија во Втората Светска Војна.
***
Желимир Жилник е еден од најпродуктивните и најнаградувани режисери од просториите на Југославија. Неговите играни и документарни филмови од самиот почеток се фокусираат на современи тематики, вклучувајќи социјално и економско преиспитување на секојдневниот живот. За филмот Рани Радови (1969) Жилник доби Златна Мечка на Берлинскиот Филмски Фестивал и три награди во Пула.
Соочувајќи се со проблеми со цензура во Југославија, средината на седумдесетите Жилник ги помина во Германија, каде се занимаваше со темата на странските работници.
Жилник познат како иницијатор на жанрот докудрама и во последните години неговиот опус е тема на ретроспективи на Cinemateca Argentina, 2018; Mar del Plata Int. Film Festival, 2017; Anthology Film Archive, New York & Harvard Film Archive, 2017; Ankara Int. Film Festival, 2016; DocLisboa, 2015; Arsenal, Berlin, 2015; Int. Film Festival, St. Petersburg, 2015; Cinusp, Sao Paulo, 2014; Thessaloniki Int. Film Festival, 2014..