Проекција на „Rick and Morty“ и изложба на мемиња во „Дуња“

Сподели

Социјалниот центар „Дуња“  на 7. март, продолжуваат со промоцијата на култни серии, но овојпат фокусот го даваат на анимирана серија од поблиското минато.

„’Rick and Morty’“ е серија совмесна со духот на современото време каде е тотално загубена смислата на постоење, таа има големи алузии на нихилизмот и егзистенцијализмот. Токму и тоа ќе биде инспирацијата доколку сакаме да поразговараме за филозофијата позади серијата“, стои во повикот за проекцијата.

Рик и Морти е наше огледало, ги сакаме бидејќи во нив ја гледаме нашата сопствена егзистенција и бесмисленост во светот на науката, технологијата и масовните медиуми, велат организаторите на настанот.

Почеток на проекцијата ќе биде во 19 часот во „Дуња“, а после неа следува и изложба со мемиња од серијата.