2 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
27 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
28 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
НАЈТЕШКОТО НЕШТО
(Aci Kiraz)
Игран филм, Македонија, Турција
2023, 95 мин., колор, ДЦП
Режисер: Сердар Акар (Serdar Akar)
Сценарио: Оливер Ромевски (Oliver Romevski)
Улоги: Белџим Билгин, Ердал Бешикчиоглу, Ертан Шабан ( Belçim Bilgin, Erdal Besikçioglu, Ertan Saban)
Постојат настани со коишто порано или подоцна ќе мора да се соочиме, без оглед дали се добри или лоши. Но, она што нè дефинира не се настаните или нивниот исход, туку изборот што самите сме го направиле. НАЈТЕШКОТО НЕШТО е современа драма за преживувањето на најтешките ситуации во животот и тактиките што човек ги користи за да ги надмине ваквите предизвици. Сценариото е на Оливер Ромевски, познат по романите со интригантни трилер и криминалистички приказни. Дејствието на филмот кое се одвива во актуелно време, прикажува неколку преплетени животни судбини чии патишта се вкрстуваат во определен миг.
НАЈТЕШКОТО НЕШТО е приказна за згаснати животи и расцутени надежи. Стар земјоделец-одгледувач на цреши, трговец-измамник што е заглавен во долгови до гуша, мафијаш што се занимава со трговија на луѓе, измамени бегалци на својот пат кон посветла иднина, татко што се бори да го спаси своето дете кое боледува од леукемија… Сите се дел од приказната за преживување во една земја, земја на многу религии, јазици и идентитети.
Во главните улоги се турските актерски ѕвезди: Ердал Бешикчиоглу, во чија филмографија се впишуваат и главна улога во култната серија „Бехзат Ч.“, во филмот „Мед“ што беше добитник на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал и многу други; Белчим Билгин, позната по филмовите „Сонот на пеперутката“, „Љубовта ги сака случајностите“, „Сезона на носорогот“ серијата „Сети се сакана“; нашиот актер Ертан Шабан кој се прослави во Турција, Халил Ерѓун, познат на нашите гледачи како Али Риза од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и наши познати и успешни актери и актерки: Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
3 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
МАЛИОТ ЧОВЕК
(Mali Čovek)
Игран филм, SFRJ
1957, 152 мин., колор, ДЦП
Режија: Чукулиќ Жика
Сценарио: Маричиќ Светолик, Новак Јосип, Радишиќ Ѓорѓе, Чукулиќ Жика
Главни улоги: Марковиќ Раде, Плеша Бранко, Рубен Емил, Ступица Мира, Џувалековски Илија
Мишо е дете на разведени родители. Живее со мајката која не му обрнува многу внимание и малку време минува со синот. Случајното кршење на излогот на слаткарницата, средбата со љубовникот на мајката и инцидентот во училиштето се случуваат едно по друго ги потенцираат збрката и тагата во детската душа. Мишо бега од училиштето и на брегот на реката наоѓа нови другари, не претпоставувајќи дека се тоа мали крадци, предводени од возрасниот Бајо кој, за разлика од мајка му, знае да разговара со него.
Мајката го пријавува исчезнувањето на детето во милицијата. Бајо, кој му дава засолниште на малиот Мишо, прави план за ограбување на една продавница во која е можно да се влезе низ мал прозорец. За таа цел го користи Мишо. Соочен со вистината, Мишо го привлекува вниманието на милицијата кршејќи го излогот на продавницата. Бајо е фатен, а малиот човек трчајќи заминува во ноќта.
Филмот е во продукција на Вардар Филм, а во режија на Жика Чукулиќ, еден од првата генерација на повоените југословенски режисери. Во филмот игра и (тогаш) деветогодишниот Емил Рубен, што е една од првите улоги на големиот македонски актер.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
5 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
23 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
25 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
ЗДРАВИ И ЖИВИ
(Forever hold your peace/Zdravi i živi)
Игран филм, Црна Гора, Србија, Македонија, Чешка, Хрватска, Словенија
2023, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Иван Мариновиќ (Ivan Marinović)
Сценарио: Иван Мариновиќ (Ivan Marinović)
Улоги: Тихана Лазовиќ, Горан Славиќ, Момо Пичуриќ, Горан Богдан, Снежана Синовчиќ, Мирјана Јоковиќ, Никола Ристановски, Драгана Дабовиќ, Дејан Џоновиќ (Tihana Lazovic, Goran Slavic, Momo Picuric, Goran Bogdan, Snjezana Sinovcic, Mirjana Jokovic, Nikola Ristanovski, Dragana Dabovic, Dejan Djonovic)
Два дена пред свадбата, Драгана, невестата, изјавува дека нема да се мажи, и покрај тоа што сѐ е подготвено. Лесо, немилосрдниот патријарх на семејството на младоженецот, ѝ го нуди на бунтовната невеста следново: истерај ја проклетата свадба и потоа оди каде сакаш. Таа прифаќа. Момо, младоженецот, сѐ уште ја сака и се надева дека ќе остане. Традиционална црногорска свадба со цела низа откачени ликови кои следат серија од апсурдни чекори, во комбинација со алкохол, пукање и динамит. Оваа весела фарса ќе ги изнесе на површина и нивните најлоши лични дилеми.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
9 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
21 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
26 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
ШТРК
(Roda)
Игран филм, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија
2022, 96 мин., Колор, ДЦП
Режија: Иса Ќосја (Isa Qosja)
Сценарио: Иса Ќосја (Isa Qosja)
Улоги: Шкумбин Иштрефи, Арт Доброши, Флоња Кодели (Shkumbin Istrefi, Arta Dobroshi, Flonja Kodheli)
Иса Ќосја, e eден од најистакнатите косовски режисери, познат по филмовите ПРОКА (Proka), ЧУВАРИ НА МАГЛАТА (Rojet e mjegullës), Кукуми( Kukumi) и Три венчавки и бесилка (Three Windows and a Hanging). Со својот последен долгометражен филм ШТРКОТ тој за првпат се враќа во неговото родно место во Црна Гора. Приказната на филмот се случува во родното место на Ќосја, малото гратче Гусиње во североисточна Црна Гора а зборува за миграцијата на жителите од регионот, бран што започна во 1960-тите и трае до ден-денес. Филмот следи три различни приказни и модерниот живот на три генерации жени, кои се оставени сами да се справуваат со животот и смртта.
ШТРК е драма за осаменоста, изолацијата, напуштањето на татковината од младоста, отуѓувањето на поединецот, како и виртуелната комуникација на два света: висорамнините и метрополата. Реалноста преполна со осаменост и досада на постарите се појавува во продолжениот дуел со амбициите и соништата на младите луѓе да избегаат од „дивината“ кон подобар живот.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
10 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 2о:00 ч.
11 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
12 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
13 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
14 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
15 СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА) 20:00 ч.
16 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
ФЕСТИВАЛ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ
17 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
БАНДИТЕ НА ЊУЈОРК
(Gangs of New York)
Игран филм, САД
2002, 167 мин., колор, 35 мм
Режија: Мартин Скорсезе (Martin Scorcese)
Сценарио: Џеј Кокс (Jay Cocks)
Улоги: Леонардо ди Каприо, Даниел Деј-Луис, Камерон Диаз (Leonardo DiCaprio, Daniel Day-Lewis, Cameron Diaz)
Сценариото, базирано на книгата од Херберт Асбери, ни ја раскажува приказната за Амстердам Валон (Леонардо Дикаприо), млад човек кој се враќа во Њујорк за да го одмазди убиството на својот татко од страна на безмилосниот гангстер Бил „The Butcher“” Кјатинг (Даниел Деј-Луис). Низ приказната, филмот го истражува судирот на имигрантските групи и нивната борба за контрола над градот.
Мартин Скорсезе, познат по својата детална работа и страст за историски теми, успева да создаде автентична атмосфера на Њујорк од 1800-тите години. Преку импресивната сценографија и костими, гледачите се внесуваат во суровиот и насилен свет на тогашниот град. Камерата на Мајкл Балхаус мајсторски ги прикажува сцените на битки и улични пресметки, истовремено доловувајќи ја убавината и хаосот на урбаниот пејзаж.
Една од најсилните страни на филмот се извонредните актерски изведби. Леонардо ди Каприо ја пренесува болката и гневот на својот лик со искрена емоција, додека Даниел Деј-Луис буквално ја краде секоја сцена со својата заплашувачка и комплексна интерпретација на Бил „The Butcher“. Нивната хемија и тензија создаваат незаборавни моменти. Камерон Диаз, како Џени Евердин, додава доза на романтика и комплексност на приказната.
„Бандите на Њујорк“ е епско дело кое на импресивен начин ја прикажува суровоста и сложеноста на историјата на Њујорк. Со извонредни актерски изведби, маестрална режија и внимателно осмислени детали, филмот успева да го задржи вниманието на гледачот од почеток до крај. Ова е едно од најважните дела на Скорсезе, кое нуди поглед во минатото и ги поставува прашањата за идентитетот, лојалноста и борбата за опстанок.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
18 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
КАРАУЛА
(Karaula)
Игран филм, Хрватска / Македонија / Србија
2006, 94 мин., колор, 35 мм
Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)
Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ (Rajko Grlić, Ante Tomić)
Улоги: Сергеј Трифуновиќ, Тони Гојановиќ, Емир Хаџихафизбеговиќ, Богдан Диклиќ, Верица Недеска, Игор Бенчина (Sergej Trifunović, Toni Gojanović, Emir Hadžihafizbegović, Bogdan Diklić, Verica Nedeska, Igor Benčina)
Дејствието на филмот се случува во 1987 година, на македонско-албанската граница, пред почеток на војната во бивша Југославија. Екипажот на една зафрлена караула не знае што се случува во земјата и влегува во трагикомични ситуации со месното население од двете страни на границата. Постојано пијаниот и фрустриран поручник Сафет Пашиќ (Хаџихафизбеговиќ) заболува од сифилис и бара помош од единствениот доктор меѓу војниците, сплиќанецот Синиша Сиричевиќ (Гојановиќ). Поручникот, сакајќи да ја скрие својата болест, измислува напад на Албанците врз Југославија и го доведува целиот баталјон во воена психоза.
Синиша влегува во љубовна врска со Мирјана, сопругата на Пашиќ (Недеска), неговиот најдобар другар Љуба (Трифуновиќ) сака да ја напушти војската, па изјавува дека по повод Титовата штафета ќе трча од караулата на македонско-албанската граница до Куќата на цвеќето во Белград. Работите крајно се усложнуваат откако Љуба ќе се откаже од мисијата, што ќе доведе до отворен конфликт со поручникот Пашиќ… Говорејќи за не толку дамнешното минато без носталгија и омраза, КАРАУЛА е комедија за личностите кои се наоѓаат на чекор од трагедијата.
КАРАУЛА е првиот филм по распадот на Југославија во чија продукција учествувале екипи од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Филмот е снимен според романот на Анте Томиќ, „Ништо не смее да нè изненади“ („Ništa nas ne smije iznenaditi“), алузија на паролата за концептот на постојана будност на Народната одбрана на Југославија од можна агресија однадвор.
Според дел од филмските критичари, КАРАУЛА е врв во творечкиот опус на Грлиќ.
20 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
24 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
27 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
28 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
ЕФТЕРКЛАНГ- БЕНДОТ МАКЕДОНИУМ
(EFTERKLANG – THE MAKEDONIUM BAND)
Игран филм, Македонија, Данска
2024, 81 мин., колор, ДЦП
Режија: Андреас Јонсен (Andreas Johnsen)
Сценарио: Андреас Јонсен (Andreas Johnsen)
Улоги: Мадс Брауер, Каспер Клаусен, Размус Столберг (Mads Brauer, Casper Clausen, Rasmus Stolberg)
Музичкиот документарец ЕФТЕРКЛАНГ- БЕНДОТ МАКЕДОНИУМ го отвори годинешното издание фестивалот СИНЕДЕЈС. Филмот е данско-македонска копродукција и е првиот филм каде како продуцент се јавува МКЦ.
Филмот го следи патешествието на бендот Ефтеркланг во Скопје, Македонија, со цел да состават нов бенд, кој би извел перформанс пред споменикот на слободата, „Македониум“. Во него од се појавуваат многу познати ликови од музичката и алтернaтивна скопска сцена како и вработените во МКЦ.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
23 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
ВИДЕО РЕСТАРТ
(Video restArt)
Документарен филм, Србија
2024, 30 мин., колор, 35мм
Режија: Ивана Сремчевиќ Матијевиќ (Ivana Sremčević Matijević)
Сценарио: Ивана Сремчевиќ Матијевиќ (Ivana Sremčević Matijević)
Документарниот филм „Video restArt“ на Ивана Сремчевиќ Матијевиќ, во траење од 30 минути, истражува пет децении видео уметност во корелација со четврт век од постоењето на Videomedeja.
Оваа видео продукција на Видеомедеја претставува разновиден спектар на размислувања за видео уметноста и нејзиниот развој преку разговори со истакнати учесници од светот на уметноста и теоријата.
Покрај основните информации за фестивалот, филмот на гледачите им овозможува увид во историскиот развој на видео уметноста. Еден од интегралните делови на филмот се видео интервјуата направени со гости и учесници на фестивалот. Во овие разговори, говорниците (уметници, куратори, историчари и теоретичари на медиумите) изразуваат свои мислења и толкувања во врска со синтезата на медиумите во дигиталната средина, значењето на замената на аналогната технологија со дигитална, размислуваат за односите помеѓу филмот, видеото и телевизијата, и, генерално, интерпретираат современа уметничка практика со следење на лакот од раната видео уметност од 1960-тите до денес.
Во филмот се користени документарни снимки од фестивалот Видеомедеја.
Меѓу учесниците во филмот се: Милета Постиќ, Зоран Насковски, Дејмон Мол, Мартијн Велдхоен, Пјотр Крајевски, Катрин Бекер, Роберт Арнолд, Жан-Габриел Перио, Аноук Де Клерк, Силвија Винклер и Стефан Коперл.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари.