МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
И утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.