На 22 јуни, во 19,30 часот, во Галерија на Факултет за ликовни уметности-Скопје /Педагошки смер/, ќе се одржи голема изложба на ликовни дела на Адријана Мациев, нашата вонвременска уметница.
Сега нашиот Ангел Небесен, која одлета во Боженствената димезија. Сите напишани стихови за Андријана, по повод нејзиното заминување, една прекрасна жена, писател, поетеса Гордана Такец реши да ги собере во книга и да ги издаде под покровителство на нејзината издавачка куќа “Графопром” од Битола.
По тој повод свечена промоција на најпосебниот алманах составен од Љубов и автентични писанија за Андријана од 53 автори, кои оставија парче душа на хартија и со тоа направија нешто безвременско, што ќе биде печат за едно безвременско постоење – Андријана Мациев.
Алманахот носи наслов “ЉУБОВ ЗА СИТЕ” – Мациев Андријана. Тоа се зборови на Андријана, кои таа имаше обичај да ги напише на крајот од своите пораки. Огромна благодарност до сите вас прекраcни души кои направивте да се случи еден ваков чудесен чин на Љубов.И уште едно сведоштво, дека само Љубовта на чудесен начин, ги обединува и сплотува леѓето .Благодарност и до сите кои се вклучија во оранизацијата на овој проект и го помогнаа на најхуман начин. Покана од срце до сите вас, драги луѓе, кои сакате да бидете дел од овој величенствен настан – изложба на дела и промоција на алманахот “ЉУБОВ ЗА СИТЕ” посветени на нашиот Ангел Небесен Андријана, мојата АН. Со почит,љубов и благодарност – Јулија.