Промоција на аудио книга за слепите лица „ОВА НЕ Е КРАЈ“

Сподели

 

Националниот сојуз на слепите на РС Македонија во годината кога одбележува 73 години од своето постоење, 73 години Визија за Светлина, 73 години НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС, 73 години Светлина на патот на слепите лица, а во рамките на одбележуавњето на 15.октомври – Светскиот ден на Белиот стап – Симболот на слепиот човек, Признат од Организацијата на Обединетите Нации ќе ја промовира аудио книгата “ОВА НЕ Е КРАЈ” како и на изданијата на ЗВУЧНОТО СПИСАНИЕ “ПАНОРАМА” – гласник на НССРМ.

Промоцијата ќе се одржи во сала број 5, приземје, Дом на хуманитарните организации на македонија “ДАРЕ ЏАМБАЗ” во Скопје, со почеток во 14.00 часот на ден 18.09.2019 година.

Аудио книгата ОВА НЕ Е КРАЈ е изработена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, во рамките на финансирање на проект од национален интерес за културата во областа на литератураната и издавачка дејност за 2019 година.

Издавањето на оваа книга на пристапен формат за слепите лица како аудио книга е согласно со Меѓуанродната конвенција од Маракеш од 2013 година за пристапни книги за слепи и слабовидни лица, кој Договор е склучен помеѓу Светскиот сојуз на слепите и Светската организација за интелектуална сопственост, а кој се надеваме и РСМ да го потпише и ратифиикува. Истоимениот договор им дава можност на слепите лица да го уживаат основното човеково право ПРАВОТО НА ЧИТААТ.

Книгата е посветена на животот и делото на големиот уметник и миленик на сите генерации Тоше Проески, кој заедно со слепите лица ја изведоа песната ЗА ОВОЈ СВЕТ.

Во рамките на финансирањето на проект од национален интерес за културата во областа на литературната и издавачка дејност, Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2019 година финансиски го помогна и издавањето на Звучното списане ПАНОРАМА.

ЗС Панорама претставува гласник на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за информирање на слепите и слабовидните лица од земјата но и од регионот. Истото излегува на месечна основа и се печати на компакт диск аудио ЦД во МП3 Формат, кое на слепите и слабовидни лица може да им биде доставено и преку електронска пошта.

Сите аудио изданија можат да се најдат и на првата онлајн аудио библиотека за сите веб платформата на НССРМ www.nssrm.org.mk

Истата е посетена од преку 200.000 лица на месечно ниво кои слушаат аудио книги. Онлајн аудио библиотеката е богата со најразновидни четива од најразновидни теми.

Министерството за култура на Република Северна Македонија во рамките на годишната програма за финансирање на програми од национален интерес за културата во областа на литературната и издавачка дејност за 2019 година го помага и издавањето  на Браевото (Релјефно) списание НАШ ЗБОР каде издавач е Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.