Промоција на романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски, во издание на Или-Или. Промотор: Александра Јуруковска, 09.05 (четврток) од 20 ч. во Менада.
Михајло Свидерски (Битола, 1991) е прозаист, поет, преведувач. Автор е на збирките поезија Низ сонот од магли и дождови (2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“ од Плевен (2013), и Ѕвезди што спијат (2017). За романот Бело и Црвено (2014), во издание на „Темплум“, ја добива наградата НОВИТЕ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Романот Бело и Црвено исто така е објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија во 2016 година.
(извадок)
“Не би сакал да стекнам репутација на нихилист, јас ги сакам власта и законите исто колку и моралот. Така често си размислувам, што би правел со себеси ако не се издигнев до небото, тогаш, веројатно сè би било лишено од објективно значење. Но, ми беше предодредено да допрам една половина од светот, и сè што ќе допрам да биде мое. Не сакам да мислите дека сум фаталист, напротив, јас преку својата волја и интелигенција, бев предодреден за таа улога. Самиот постигнав сè. И тука нема никаква случајност, сепак не сакам да звучам како детерминист. Не, не сум ни тоа. Ниту емпирист, јас немав никакво искуство пред да ги поседувам сите тие добри работи, ниту рационалист, оти и денес не се водам од разумот, туку од возвишените чувства на срцето. Отворено застанав зад желбите за моќ и доминација без никаков проблем. Не сум опортунист, не сакам да бидам погрешно сфатен. Јас пПокрај своите интереси, јас се грижев и за интересите на светот. Ниту макијавелист, бидејќи на крајот бев крајно изманипулиран и предаден. Во својата најдлабока внатрешност, јас сум плашливец, слаб и повреден човек. ”
*
За романот Последните денови на Ханс, слободно може да се каже дека е на нивото на најдобрите традиции на европскиот роман. Помеѓу тензијата на психолошки роман и субверзивноста на метаисториографска фикција, овој роман може да се сврсти вброи во редот на делата на Шницлер, Џојс, Вулф, а читајќи ја неговата провокативна нарација, слободно може да се рече дека
Михајло Свидерски е контроверзен автор!
Владимир Костов
Последните денови на Ханс е од оние романи во кои книжевноста станува реалност, а историјата фикција.
Петар Андоновски