Промоција на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“

Сподели

 

Во просториите на Европска куќа Скопје, денеска (петок, 22 декември) со почеток во 17:00 часот ќе се одржи промоцијата на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“.

На постојната платформа за аудиокниги „Самоглас“, додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“. Ова е нова категорија што го збогатува постојниот каталог и ги промовира радиодрамите како еден речиси заборавен медиум.

На аудиодрамите работеа актери и режисери кои дадоа нови решенија за драмите на Горан Стефановски, а во воведните делови гласот го позајми Игор Стефановски, кој преку Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски ги овозможи авторските права.

Ова е одличен начин да се приближи творештвото на Горан Стефановски и да се освежи македонскиот медиумски интернет-простор.