Денеска се промовираше новиот оддел на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство, опремен со современи апарати за дијагностика и фетална терапија кои ќе овозможат ран скрининг кај трудниците.
На настанот беше присутен министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду, со чија поддршка беше набавена опремата која ќе значи и редуцирање и намалување на перинаталниот морталитет и морбидитет.
Министерот за здравство Меџити истакна дека токму поради развитокот на феталната медицина на оваа Клиника имаме значителен пад на бројот на мртвородени, посочувајќи дека во иднина со помошта на овој центар уште поубедливо овој тренд ќе продолжи.