Промовирање и поттикнување на енергетската ефикасност во општина Илинден

Сподели

 

На предлог на Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, Советот на Општина Илинден на 18-тата седница  ја усвои “Програмата за енергетска ефикасност за период од 2023-2025 година”.

Главната цел на оваа Програма е намалување на трошоците за енергија во општината, пред се во општинските објекти, осигурување на стандардно комфорни услови за престој и работа во сите простории, намалување на емисиите на штетни материи во воздухот и околината и поголема примена на обновливи извори на енергија.

Со реализација на Програмата ќе се овозможи обновени енергетски системи и објекти, подобрени санитарни услови, зголемена продуктивност и свест за енергетска заштеда и подигнување на јавната свест за рационално користење на енергијата.

Според градоначалникот Александар Георгиевски со изработка на Програмата за енергетска ефикасност, Општината има за цел рационално и ефикасно да ги користи сите видови на енергија и на тој начин да оствари заштеда во буџетот, при што ќе се придонесе за подобрување на услугите и квалитетот на живеење на жителите во општина Илинден.

На овој начин општината се грижи за подобрување и унапредување на животната средина и условите за живот на нејзините граѓани и развој на локалната економија.